Џон Бон Џови отвора ресторани за сиромашни

81

Популарниот пејач Џон Бон Џови отвори два ресторани во кои сиромашните што се гладни, а немаат можност да купат храна, можат да добијат бесплатен оброк. Популарниот пејач е политички активист и голем хуманитарец.„Кујна со душа“ е името на невладината организација и на рестораните што ги отворил Бон Џови. Не постојат ценовници, а плаќањето на сметката не е обврска. Оние што се во можност може да остават 20 долари, додека оние што немаат пари може да јадат бесплатно, а подоцна да волонтираат во кујната. Инаку, 51 отсто од оброците се платени преку донации, а преостанатите 49 се покриени со доброволна работа. Резервација не постои, кој како што ќе дојде може да седне по ред, па така може да седнете до странец, што придонесува и за пријатна атмосфера и за стекнување пријателства. На менито секогаш има три главни јадења, а тоа се менува на секои 10 дена. Мотото на рестораните е: „Сите се добредојдени“.