„Џокер“ ги собори сите рекорди, оствари најголема заработка на сите времиња

355

Трилерот „Џокер“ со Хoакин Феникс во главната улога, приказна за кловн што се свртува кон живот исполнет со криминал, го собори рекордот и стана филм од категорија „Р“, кој заработи најмногу во киноблагајните.

Досега тој оствари заработка од 788 милиони американски долари од продажба на билети, а досегашен рекордер беше „Дедпул“ од 2016 година, кој заработи 783 милиони долари.

Иако во јавноста има и критики дека „Џокер“ е филм што го поддржува насилството, тој стана рекордер веќе во првиот викенд од неговото прикажување, односно филм што за неколку дена го гледаа најголем број гледачи.