Џеф Милс и Тони Ален го отвораат музичкиот фестивал „Дименжнс“

27

Џеф Милс, Тони Ален, Нина Кравиц и Пола Темпл се меѓу ѕвездите кои ќе настапат на еден од најценетите европски фестивали на електронска музика „Дименжнс“, што ќе се одржи од 28 август до 1 септември во Пула, Хрватска.

Традиционалниот спектакуларен концерт со кој се отвора „Дименжнс“ на пулската „Арена“ и годинава ќе му даде ритам на фестивалот. Водечката фигура на техно-музиката Џеф Милс, на кого на сцената ќе му се придружи еден од најатрактивните тапанари на 20-от век, Тони Ален, ќе настапи на воведниот концерт на фестивалот.

На листата на изведувачи има хаус, електро, техно, асид, Д’н’Б, амбиент и џез имиња од целиот свет.

Организаторите соопштија дека годинашното издание на фестивалот ќе биде последно на тврдината „Пунта Христо“, каде што се одржуваше во изминатите осум години.

Цената на влезниците изнесува 270 куни (околу 36 евра). Билетите се продаваат преку следниот линк. С.П.