Џенифер Лопез: Алекс е мојата „сродна душа“

310

Џенифер Лопез е годинашната добитничка на видеонаградата „Мајкл Џексон“ за особен придонес во областа на музичките спотови и филмовите, со кои добитниците се претставуваат пред публиката. Лопез, освен што е пејачка, е и глумица.
Таа единаесетминутниот музички микс-настап по тој повод го заврши со емотивен говор, заблагодарувајќи им се пред сѐ на своите деца, близнаците Ем и Макс од бракот со Марк Ентони, и на своето сегашно момче – поранешниот бејзбол-играч Алекс Родригез.

– Алекс е мојата „близначки сродна душа“ – изјави Лопез.
Поранешниот спортист, пак, го сподели своето мислење за неа.
– Таа е прекрасна, прекрасна девојка и една од најпаметните личности што ги имам сретнато, а исто така е неверојатна мајка – рече Родригез.

Џенифер Лопез (48) и нејзиниот нов избраник Алекс Родригез (42) се заедно околу една година. И двајцата зад себе имаат сѐ, само не здодевни љубовни животи. Бившиот бејзбол-играч неодамна раскина со претприемачката Ен Војцички, по помалку од една година врска. Познат е по врските со славните жени како Кејт Хадсон и Камерон Дијаз. Лопез остана во добри односи со поранешниот сопруг Марк Ентони, со кого ги има деветгодишните близнаци Максимилијан Дејвид и Ема Марибел. Џеј Ло зад себе има три брака.