Џенифер Анистон глуми мајка во комедијата „Кнедла“

64

Објавен е првиот трејлер за претстојната комедија „Кнедла“, која се темели на романот на писателката Џули Марфи од 2015 година. Сценариото за филмската адаптација на возбудливата драма го напиша Кристен Хан, а режијата ја потпишува Ен Флечер.

Дејството на филмот се врти околу една дебелка девојка, Волоудин Диксон, која ја глуми Даниел Мекдоналд, чија мајка (Џенифер Анистон) е бивша убавица и славна личност во местото во кое живеат.

За да им пркоси на стандардите за убавина и разните избори за убавица во нејзиниот град, Волоудин решава да се пријави на еден избор и на тој начин да им испрати порака на оние што ја мразат и ѝ се потсмеваат. Во тоа ќе ѝ помогне нејзината пријателка Елен (Оди Раш).

Во филмот глумат и Дав Камерон, Бекс-Тејлор Клаус, Лук Бенворд, Харолд Перенај и други.
Филмот „Кнедла“ премиерно ќе биде прикажан на 7 декември на Нетфликс.