Џаред Лето ќе организира музички фестивал на хрватски остров

114

Американскиот актер и музичар Џеред Лето и неговиот бенд „Thirty Seconds To Mars“ ќе организираат фестивал на хрватскиот остров Обоњан, близу Шибеник, што ќе трае од 9 до 12 август.

Станува збор за манифестацијата „Марс Ајленд“, кој досега рок групата го одржуваше во Калифорнија. Рокерите амбициозно ја почнаа својата кампања повикувајќи ги луѓето да им се придружат на тридневната забава.

Цената за билетите за концертите се движи од 900 до 5.650 евра, а во неа спаѓаат и сместувањето, храната, како и сите придружни активности при престојот.