Ќе се снима филм за Тома Здравковиќ

74

Жељко Јоксимовиќ и Драган Бјелогрлиќ ги довршуваат подготовките за почетокот на снимањето на филмот „Тома“, што ќе ја раскаже животната приказна на големиот српски пејач Тома Здравковиќ, пренесуваат медиумите во регионот. Филмот ќе се наврати на неговите почетоци во музиката, на творештвото и на неговата голема љубов.

Снимањето ќе почне на почетокот на летото, а како што пренесе РТВБН, улогата на Тома ќе ја одигра глумецот Милан Мариќ.
Минаа 29 години од смртта на легендарниот пејач, а неговите песни се слушаат и денес.

– Тома го паметиме како една од големите музички легенди во некогашна Југославија, каква што ретко се раѓа, но и како голем човек. Она што можеме да го кажеме е дека за 30-годишнината филмот ќе биде готов. Но тоа нема да биде негова биографија, туку филм за Тома Здравковиќ како феномен – порачуваат Бјелогрлиќ и Јоксимовиќ.