Ќе се снима филм за животната приказна на капетанот Том Мур

145

Ветеранот од Втората светска војна, капетанот Том, кој собра речиси 33 милиони фунти за британската национална здравствена служба, одејќи 100 круга во својата градина за време на карантин, потпиша договор за филм за неговата животна приказна. Според капетанот Мур, вредноста на договорот е изразена со седум цифри и сака осумдесет и седумгодишниот Мајкл Кејн да го глуми неговиот лик, пренесува британски „Сан“

За овој филм базиран на неговата неверојатна животна приказна се претпоставува дека може да оствари голем успех. Веќе се во тек разговори со повеќе филмски ѕвезди околу тоа кој ќе го глуми ликот на стогодишниот Мур.

– Не познавам 100-годишни актери, но сигурен сум дека Мајкл Кејн или Ентони Хопкинс би можеле да завршат прекрасна работа доколку се подготвени да стареат – изјавил Мур.

Британскиот режисер Ник Моркрофт ги купил правата на снимање на животната приказна на капетан Мур. Моркрофт ветил дека воениот ветеран ќе има мала улога во филмот, на кој сега забрзано се работи.

– Капетанот Том Мур апсолутно ќе има „камео појавување, ќе добие своја приколка, свој шминкер и ќе биде дел од екипата за снимање – вели Моркрофт.

Мур ги избра „Фред Филмс“ и „Паудер Кег Пикчрс“ поради нивната успешна работа на претходните популарни филмови „Пријателите на рибарот„ и „Пронаоѓање на нозете“, во кои фокусот е на повозрасните луѓе.

Моркрофт сега го пишува сценариото за филмот во соработка со Мур и со неговата ќерката Хана.

– Ние работиме рамо до рамо со нив, поминуваме многу време заедно и за да се запознаеме. Ова не е група на продуценти кои дошле и само успеале да добијат некои права. Станува збор за раскажување на неговата приказна колку што е можно поавтентично и да го заштитиме неговиот глас и порака, затоа што е силна и важна. Во светот опседнат со славни личности има многу малку примери, а капетанот Том е навистина одличен – кажал Моркрофт.