Ќе се снима и петто продолжение на „Џон Вик“

67

Филмската компанија „Лајонгејт“, која стои зад франшизата „Џон Вик“, ќе почне да го снима и петтото продолжение на овој филм уште пред да излезе четвртиот дел, пренесе магазинот „Менс Хелт“.
Популарниот акционен трилер во кој главната улога ја глуми Киану Ривс, привлече голем број обожаватели низ светот од своето деби во 2014 година. Во филмовите Џон Вик е прикажан како немилосрден одмаздник, кој се одмаздува за убиството на своето сакано куче.

Првите три филма за Џон Вик заработиле вкупно 600 милиони долари на бокс-офисот. Третото продолжение на оваа приказна, објавено во мај годинава, е седмото најпрофитабилно во историјата на „Лајонгејт“. Филмот заработи 326 милиони долари, многу повеќе од претходните два дела.
Четвртото продолжение на „Џон Вик“ во кината стигнува во мај 2021 година.