Ќе се отвори био-фотоизложбата „Урбани безрбетници“

76

Изложбата на биофотографии на темата „Урбани безрбетници“, во организација на истражувачкото друштво на студенти биолози, во соработка со Институтот за комуникациски студии, ќе биде отворена вечерва, со почеток во 19 часот, во мултимедијалниот клуб „Кафе и филм Котур“.

На настанот ќе бидат изложени 130 фотографии, кои беа поднесени на био-фотоконкурсот и кои ја прикажуваат биолошката разновидност во урбаните средини. На изложбата ќе бидат прогласени и најдобрите три фотографии, кои беа избрани од комисијата составена од професори по биологија и фотографи, како и преку гласање на Фејсбук.

Изложбата се организира како дел од кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“, која ја реализира Институтот за комуникациски студии, а е финансирана од британската амбасада во Скопје.