Њујорк подготвува виртуелен дочек на Нова година

132

Поради пандемијата на коронавирусот традиционалната новогодишна ноќ на Тајмс сквер во Њујорк, која вообичаено привлекува илјадници посетители, овојпат е откажана, за првпат по 114 години, објавуваат американските медиуми.

Предвидено е да се организира виртуелна новогодишна забава на на Тајмс сквер, која милиони луѓе ширум светот ќе можат да ја следат преку интернет. Организаторите истакнуваат дека ограничен број луѓе ќе бидат присутни на Тајмс сквер.

И на претстојната прослава кристална топка ќе се спушти на плоштадот, за да го означи крајот на старата и почетокот на новата година.

Нема да се промени и одбројувањето на полноќ на 31 декември, изјави Тим Томпкинс, претседател на Алијансата Тајмс сквер која е организатор на настанот.

Тој додаде дека полицијата ќе формира кордон околу Тајмс сквер на 31 декември за да се спречи евентуален помасовен собир.