Јутјуб воведува полесно препознавање на песните во видеата

531

Платформата за споделување видео снимки Јутјуб воведува опција за препознавање на музиката во снимките, слично на популарната апликација Шазам.

Функцијата ќе биде достапна во самиот опис под видеото, а во информациите ќе стои насловот на песната, изведувачот, па дури и авторите на текстот, како и линк до официјалната страница или канал, кога тоа е можно.

Ова ќе помогне и за поголема заштита на авторските права, соопштуваат од Јутјуб.