Јапонија го тестира најбрзиот „воз-куршум“ – Алфа екс

241

Воз кој има способност да достигне максимална брзина од 400 километри на час ќе биде тестиран месецов во Јапонија, пренесува „Индипендент“.

Возот „Алфа екс“ ќе биде пуштен во употреба во 2030 година, а ќе патува со брзина од 360 километри на час. Возот ќе биде побрз од кинескиот „Фуксинг Хао“, чија брзина е 350 километри на час, а ги поврзува Пекинг и Шангај за време од четири часа и 18 минути.

„Возот-куршум“ првото тест-патување ќе го изведе в петок, на релација Аомори-Сендаи. Десетвагонскиот воз има локомотива долга 22 метри за редуцирање на отпорноста со воздухот, сопирачки кои се наоѓаат во воздухот, како и магнетни плочки на пругата, но и вообичаени кочници за успорување.

Возот, исто така, нема да биде управуван од возач, туку ќе биде автоматски. Сепак, во првите десет години од тестирањето сепак вработен ќе мора да биде физички во возот со цел да се осигура дека ништо не е тргнато наопаку. Потоа, возовите ќе бидат целосно автоматизирани.