Ѕвездата од Бродвеј Ник Кордеро почина по тримечна борба за живот

776

Актерот Ник Кордеро почина на 41 година, по тримесечна борба за живот поради компликации од Ковид-19 во болницата „Седар-Синал“ во Лос Анџелес, објавуваат светските медиуми.

Кордеро од април бил во многу тешка состојба, кога му била ампутирана левата нога. Неговата сопруга, фитнес-тренер и танчарка Аманда Клоутс, на Инстаграм ја објави веста за смртта на сопругот со кој го имаше едногодишниот син Елвис.

– Бог има уште еден ангел на небото. Мојот најдраг почина. Срцето ми е скршено и не можам животот да го замислам без неговата светлина. Им благодарам на неговите љубени мудри доктори полни со разбирање. Додека умираше се молевме и ја пеевме неговата омилена песна „Live your life“. Се бореше како лав. Те сакам засекогаш, мил мој – напишала Аманда.

Ѕвездата од Бродвеј Кордеро кој бил номиниран за наградите „Тони“ исто така е познат и по улогите во филмовите „Куршуми над Бродвеј”, „Камен на годините”, „Келнерката” и „Приказна од Бронкс” како и телевизиската хит-серија „Сина крв”.