Што ќе ни донесе технологијата во наредните пет години?

56

Истражувачкото одделение на „Ај-би-ем“ еднаш годишно објавува публикација „5 во 5“, во која ги прикажува своите предвидувања за тоа како новите технологии ќе ни го променат животот во наредните пет години.
Оваа година предвидуваат дека новите технологии треба да се насочат кон забрзување на процесот на пронаоѓање решение за светските проблеми, за да може луѓето да се насочат кон системските предизвици како политика, економија, друштво и природни науки.
Се истакнува важноста од приближување на новите технологии, особено се издвојуваат вештачката интелигенција и машинското учење, додека голем напредок се очекува на полето на создавање нови материјали.
Проценуваат дека ќе бидат потребни десетина години и помеѓу 10 и 100 милиони долари да се открие еден нов материјал со специфични својства, а нивна цел е ресурсите да ги намалат за дури 90 проценти.
Во продолжение техно-предвидувањата „5 во 5“:

1. Јаглерод диоксидот од атмосферата ќе се собира многу поефикасно и ќе се претвора во нешто корисно.

2. Ќе можеме азотот од атмосферата да го претвораме во ѓубриво богато со нитрат, со што ќе се намали штетното влијание на ѓубривата на околината.

3. Ќе се откријат нови материјали за изградба на безбедни и еколошки ефикасни батерии, кои ќе ги поддржат обновувањето на енергетската мрежа и одржливоста на транспортот.

4. Ќе се унапреди производството на материјали, со што на земјоделците ќе им се овозможи подобра одржливост на нивните производи.

5. Во наредните пет години, во „Ај-би-ем“ сакаат да помогнат во создавање и наоѓање третман што на лекарите и медицинските лица ќе им помогне во борбата против опасните вируси, во многу поголема мера од сега.