Шпански фотограф со креативни трикови прави уникатни слики

98

Има многу трикови што ги користат фотографите за да си поиграат со перспективата, од аголот на фотографирање до рамките. Шпанскиот фотограф Џорди Пуиг стана популарен благодарение на своите уникатни начини на фотографирање. Според него, преку начинот на кој слика, секој човек може да ја искористи својата фантазија за да ја раскаже својата приказна.

– Перспективата ѝ дава длабочина на фотографијата и може да направи дводимензионална слика и да се оживее како тридимензионална сцена – вели овој креативец.

Џорди Пуиг од Барселона денес важи за ѕвезда на социјалната мрежа Инстаграм, со над милион следбеници, токму поради направите што ги користи за да создаде восхитувачки снимки, кои им го одземаат здивот на љубителите на фотографијата.

Весници, скршени стаклени шишиња, врвки и синџири се само некои од алатките што Џорди Пуиг ги користи при фотографирањето. Иако голем број професионалци бегаат од филтрите и обработките на сликите, тој вели дека ужива да ја провлекува фотографијата низ нив, бидејќи ѝ даваат еден сосема нов израз.