Ширум светот одржан фестивалот на дедо мразовци

49

Во многу градови низ светот, вклучително и Њујорк, се одржа традиционалниот фестивал на Дедо Мраз.

Илјадници луѓе облечени во црвени костуми на Дедо Мраз се собраа на Тајмс Сквер во Њујорк за Фестивалот Сантакон.

И покрај студот, тие пееја, танцуваа и им делеа слатки на децата.

Како и претходните години, годинашниот фестивал се организира преку социјалните мрежи.

Фестивалот Сантакон првпат беше организиран во 1994 година во Сан Франциско и оттогаш стана меѓународен феномен, пренесува „Њузвик“.