Швајцарска компанија по грешка поделила дупла плата за декември

124

Швајцарската осигурителна компанија „А Икс А“ на 4,300 вработени им исплатитла дупла плата за месец декември. Божиќното изненадување на вработените не траело долго, откако тие дознале дека станува збор за грешка и дека ќе мора да ги вратат парите на работодавачот, објави „Ројтерс“.

Грешката се случила поради системски проблеми на банката со која соработува фирмата, а вработените во „А Икс А“ имаат можност или да ги вратат парите или да ги искористат како авансна плата за месец јануари.

Иако фирмата не објави за колкава сума станува збор, според просечната плата во Швајцарија која изнесува околку 85 илјади швајцарски франци, се проценува дека грешката на банката можеби ги чинела повеќе од 30 милиони швајцарски франци.

– Постојат и полоши работи. Најважно е тоа што сите вработени ги земаа своите плати пред Божиќ – изјави портпаролот на „А Икс А“.