Шакира е последната ѕвезда која ги продаде правата на своите песни

174

Колумбиската пеjачка Шакира е последната ѕвезда која ги продаде правата на своите песни за неколку милионска сума. Сите 145 нејзини песни, вклучително и „Hips Don’t Lie“, „Whenever“, „Wherever and She Wolf“ се дел од зделката, пренесуваат светски медиуми.

Со продадени 80 милиони плочи ширум светот Шакира е најпродаван латино-изведувач на сите времиња. Договорот е направен со „Хипгнозис“, инвестициската компанија за авторски права со седиште во Лондон, која исто така неодамна ги откупи правата на песните на Блонди и на Нил Јанг. Компанијата „Хипгнозис“ не открива детали за продажбата, но обично плаќа исто за хонорарите 15 години однапред.

Тоа им овозможува на изведувачите непосредна финансиска сигурност, додека „Хипгнозис“ се надева дека ќе профитира од нови приливи на приходи за музиката преку лиценцирање за филм и ТВ-програми.

„Хипгнозис“ изминативе неколку години исплатила милијарди долари за павата на музиката на уметници како Нил Роџерс, Блонди, Бери Манилоу, Криси Хајнд и Линдзи Бакингем од Флитвуд Мек. Шакира е последната во таа низа и е една од најуспешните текстописци во последните 25 години.