„Чернобил“ е најдобрата серија во изминативе 10 години

352

Телевизиските серии последнава години стекнаа голема популарност, па голем број обожаватели со нетрпение ја очекуваат секоја наредна сезона. Иако до неодамна за најгледана серија важеше „Игри на престолот“, последниве неколку месеци комплетно ја надмина серијата за една од најголемите нуклеарни катастрофи во историјата на човештвото, серијата „Чернобил“.

Во неколку спроведени анкети „Чернобил“ освои најмногу гласови. А веднаш зад неа е „Игри на престолот“, додека на трето место е историската гангстерска крими-серија „Пики Блајндерс“, чие дејство се одвива во Бирмингем, Англија. Четвртото место го зазема крими-серијата „Тру детектив“, а петтото серијата за најголемиот наркобос Пабло Ескобар, „Наркос“. На шесто место се најде „Викингс“, а на седмо „Фарго“, на осмо „Стрејџер тингс“, чија следна сезона излезе вчера. Деветтото место го зазема серијата „Табу“, а десеттото „Блек Мирор“.

Во анкетата се гласало за тоа која серија според гледачите е најдобра за последните 10 години. Многумина коментирале дека во листата треба да влезе и „Брејкинг бед“, но оваа серија почнала да се емитува во 2008 година, па затоа не се вклопувала во листата.