Семејството Рафаиловиќ од Црна Гора деновиве имаше несекојдневен улов – туна тешка 266 килограми. Овој примерок, како што велат, ги надминува црногорските рамки.
Интересно е дека во риболовот учествувала и 19-годишната Анџелика Рафаиловиќ, пренесе РТ ЦГ.
Анџелика е најмлад член на семејството, кое со генерации живее од и со морето. А кога е така, се соборуваат и рекорди.
– Биле 10 милји оддалечени од брегот, ќерка ми Анџелика, со чичко ѝ и со кумот, навистина имале среќа. На толку тенка опрема и мала јадица да се улови толку голема туна, тоа е црногорски рекорд. Сигурно ова е најголемата уловена туна на нашиот дел од Јадранско Море – изјавил Илија Рафаиловиќ.