Целосно помрачување на Месечината на 27 јули

83

Жителите на Балканот ќе имаат прилика ноќта меѓу 27 и 28 јули да набљудуваат помрачување на Месечината.

Сите фази на помрачувањето на Месечината ќе бидат видливи од областите на Индискиот океан, Индија, Источна Африка, Арапскиот полуостров и подрачјето на Каспиското море.

Во случај на поволни метеоролошки услови, односно ведро небо, луѓето оваа појава ќе можат да ја гледаат со голо око и со двоглед.

Покрај помрачувањето на Месечината, ќе можат да се набљудуваат и планетите Венера (на почетокот од ноќта), Јупитер, Сатурн и Марс. Марс овие денови е погоден за набљудување затоа што е блиску до Земјата.