Целиот опус на „Васил Хаџиманов бенд“ достапен на дигитални платформи

118

Комплетната дискографија на познатиот музичар Васил Хаџиманов, и неговиот бенд, сега е достапна на сите дигитални платформи објавени од „Кроација рекордс“. Станува збор за осум албуми кои сега се достапни за луѓето ширум светот.

Станува збор за носачи на звук кои секогаш ги поместуваат границите на прогресивната музика, а музичките критичари ширум светот ги препознаваат и наградуваат со највисоки оценки. Албуми кои добиваат одлични критики, кои публиката со голем интерес ги следи во секоја нова изведба.

Во изминатите 20 години, Васил Хаџиманов и неговиот бенд со голем успех ја изведуваат својата музика на концерти и музички фестивали во регионот и низ целиот свет. Сите нивни изданија и нивната музика се прогласени за уметнички дела од културно значење.

Оваа година Васил Хаџиманов ја освои наградата за најдобар џез-пијанист на електричното пијано на 41-те Џез стејшн авардс (Annual Jazz Station Awards), додека бендот го зазеде второто место во категоријата „најдобра џез група“.