Хуманитарна изложба „5 мин. до 12“

31

Донаторската изложба, симболично насловена „5 мин. до 12“, во организација на Центарот за помош, поддршка и застапување на притворени и осудени лица, а по повод Меѓународниот ден за заштита на човековите права и Меѓународниот ден на УНИЦЕФ за заштита на децата, ќе се одржи денеска со почеток во 11.55 часот во Галеријата на МКЦ.

Станува збор за изложба и продажба на уметнички слики, донирани од македонски сликари. Паричните средства собрани од овој настан ќе бидат употребени за купување новогодишни подароци за деца чии родители се во притвор или на издржување казна затвор, но и за подобрување на условите во затворите.