„Храбро срце“: Секој човек умира, но секој не живее

40

Во мај 1995 година е објавен еден од најдобрите историски филмови на сите времиња, „Брејвхарт“ или „Храбро срце“.

Жанр: биографија, драма, историски филм
Режија: Мел Гибсон
Сценарио: Рендал Валанс
Актери: Мел Гибсон, Софи Марсо, Патрик Мекгухан
Кратка содржина: кога неговата сакана беше егзекутирана поради нападот врз еден англиски војник, кој се обиде да ја силува, сер Вилијам Валас започна востание против кралот Едвард Први и Англија. „Храбро срце“ е историска драма од 1995 година на Мел Гибсон. Во филмот тој го портретира легендарниот Скот Вилијам Валас, борецот за независна Шкотска во Првата шкотска војна за независност против Едвард Први, кој во филмот го играше Петрик Мекгухан. Приказната е инспирирана од епската песна на Блаинд Хери, а сценариото е изработено од Рендал Валанс.
Филмот има освоено пет „оскари“, вклучувајќи ја и наградата за најдобар филм, најдобра режија, најдобра фотографија, шминка и најдобра монтажа на звук, а бил номиниран за уште пет награди. Успехот на филмот помогна да се оживеат и да се инспирираат историски филмови, па по „Храбро срце“ се снимени „Гладијатор“, „Патриотот“ „Александар“ „Троја“, „Небесно кралство“, „300“… Моментално филмот го зазема 75-то место на филмската мрежа ИМДБ во листата за најдобри филмови на сите времиња.
Буџетот на филмот бил 65 до 70 милиони долари, а заработил 210,4 милиони долари.

Интересни факти:
– „Храбро срце“ било првото изработено сценарио на Рендал Валас. Тој претходно работел на други интересни работи. Бил инструктор по боречки вештини, менаџер на животинско шоу, пејач и композитор на песни и сценарист на ТВ-серии.
– Кога Мел Гибсон го прочитал сценариото, отишол во „Вернер Брос“ со надеж да го режира филмот. Но му поставиле услов прво да го снима четвртиот дел од „Смртоносно оружје“. Тој одбил, но три години подоцна сепак го снимил.
– Од „Парамонт“ се согласиле да го снимаат филмот заедно до „20. Сентари фокс“, но под услов Мел Гибсон да ја глуми главната улога.
– Околу 1.600 до 2.000 статисти учествувале во битката на Стирлинг мост, за која биле потребни шест дена да се снима.
– Поголем дел од сценариото е пишувано по епската песна инспирирана од подвизите на Вилијам Валас од Блаинд Хери.
– Дали Едвард Втори навистина е хомосексуалец? Историчарите генерално се согласуваат со тоа, но она што не беше кажано во филмот е дека е таткото на пет деца, со две различни жени. Бил голем и силен, а не слаб како што е прикажано во филмот.
– Шкотските војници во тоа време не носеле килтови. Тоа се случило четири века подоцна.
– Гибсон на сетовите бил вистински шегаџија.
– Филмот заработил 75,6 милиони во Америка, а интернационално 134,8 милиони долари.
– Рендал Валанс го продолжил својот успех и понатаму како сценарист во Холивуд.
– Според мејловите од Сони објавени од Викиликс, имало и продолжение на „Храбро срце“ наречено „Лајан Рампант“, филм што требало да се фокусира на Роберт Брус. Том Хидлстон, наводно, требало да ја одигра главната улога
– Како и во филмот, Валас навистина станал бунтовник по силување на неговата сопруга. Но нема никакви докази дека во Англија некогаш се практикувало лордовите да ги силуваат жените пред нивните први брачни ноќи.

Најдобри цитати од филмот:
– Твоето срце е слободно. Имај храброст да го следиш.
– Секој човек умира, но секој не живее.
– Сите ќе умреме, прашањето е како и зошто.