Хотел среде џунгла на Бали има најубав поглед на светот

449

Луксузниот хотелски комплекс „Висечките градини на Бали“ е сместен среде џунгла на најпознатиот остров во Индонезија. Оваа луксузна населба има 44 вили, а на посетителите им нуди несекојдневен поглед на долината.

Населбата е изградена во 2005 година, а оваа година ја доби наградата „бутик хотел“ за својата прекрасна панорама. Во оваа категорија беа номинирани и комплекси во Шри Ланка, Белизе, Мексико, Кенија и Шпанија.

Од отворањето до денес ова одморалиште повеќепати било во центарот на вниманието и поради својот двокатен базен.

Многумина го опишуваат местото како рај на Земјата, а едно ноќевање чини минимум 500 долари. Доколку, пак, сакате да ја минете ноќта во скриена палата, ќе ви бидат потребни 6.200 долари. На користење ќе имате пространа луксузна вила со приватен бар, ресторан, кујна и батлер што ќе ви биде на располагање 24 часа. За три долари можете да ја посетите Светата шума на мајмуните во Убуд, но морате да бидете претпазливи, бидејќи мајмуните можат да ви ги украдат телефонот и накитот.

Најспектакуларниот дел од ова одморалиште, секако, е недопрената природа.