Хотел на 3.212 метри надморска височина

129

„Глечер хотел Граванд“ е највисокиот хотел во Европа, изграден на 3.212 метри надморска височина. Сместен е на врвот на една планина во Јужен Тирол, во провинцијата Болцано, во северна Италија. Мазо Корто е името на селото во областа Болцано, каде што се наоѓа овој хотел. Интересно е што не мора да се искачувате до него, единствено превозно средство за да стигнете таму е жичницата што превезува патници. Сепак, бидете подготвени за можните последици. Имено, со зголемувањето на надморската височина, се зголемуваат и атмосферскиот притисок и протокот на кислород. Како резултат, може да почувствувате симптоми како што се главоболка, замор, вртоглавица и отежнато дишење. Важно е да се знае дека сето ова е нормално и дека нема потреба од паника. Само по неколку часа одмор на ова прекрасно место, наскоро ќе исчезнат сите симптоми.
На голема надморска височина се формираат повеќе крвни зрнца, повеќе кислород поминува низ телото и тоа многу брзо реагира на овие промени. Ова е одлична дестинација за сите авантуристи љубители на зимските спортови и одмор на чист воздух.
Хотелот е отворен од крајот на септември до почетокот на мај.