Холивуд ќе снима филм за спасувањето на тајландските момчиња

61

Двајца американски филмски продуценти заминале во Тајланд, додека беше во тек акцијата за спасување на момчињата што беа заробени во пештерата, јави Би-би-си.
Мајкл Скот и Адам Смит од компанијата „Пјур-Фликс“ веќе разговарале за можен филмски проект. Прашан дали нивниот потег е невкусен, со оглед на драмата за која се заинтересира целиот свет, Смит изјави: „Ќе дојдат и други продукциски куќи, па мора да бидеме брзи“.