„Харлито“ на Шварценегер на холивудска аукција

70

На почетокот на јуни ќе се одржи неколкудневна аукција што ќе ги воодушеви љубителите на филмот

„Харлито“ на Арнолд Шварценегер во „Терминатор 2“, количката на две тркала од филмот „Бен Хур“, градскиот автобус од „Брзина“, „Ѕвездата на смртта“… се само некои од предметите што ќе бидат понудени на аукцијата „Икони и легенди од Холивуд“. На почетокот на јуни ќе се одржи неколкудневна аукција, која ќе ги воодушеви љубителите на филмот.
Ѕвездата на аукцијата е познатиот „харли дејвидсон ФЛСТФ фетбој“ за кој се очекува дека цената ќе скокне над четвртина милион. „Терминатор 2“ ќе биде запаметен од љубителите на филмот не само поради одличната приказна за апокалиптичната иднина, туку и поради неверојатните компјутерски ефекти, кои денес по 27 години изгледаат одлично.

За љубителите на моторите овој филм беше запаметен од страна на Т-800 и Арнолд Шварценегер. Станува збор за „харли дејвидсон“ чие сериско производство почна само неколку месеци пред премиерата. Овој модел одигра значајна улога во две антологиски сцени од овој филм. Воведната, кога Шварценегер на доста убедлив начин зазема позиција на моторот, и, се разбира, сцената со потерата по исушените канали во Лос Анџелес.
Како голем љубител на мотори, Шварценегер навистина го возеше „харлито“ во филмот, така што на километражата стои дека поминал 631 километар. Според информациите на аукциската куќа, на „фетбој“ му е потребна мала поправка, а му недостигаат и ретровизори. И според тие недостатоци, се очекува дека еден од најпознатите мотори во филмската историја ќе постигне цена од помеѓу 200 и 300 илјади долари на аукцијата, која е закажана за почетокот на јуни.
На оваа повеќедневна аукција под името „Икони и легенди на Холивуд“ ќе бидат понудени и голем број филмски артефакти.

Покрај „харлито“ на Шварценегер, има уште неколку интересни транспортни средства, кои ќе можат да се купат. Во каталогот на аукцијата се најдоа: тркачката количка на две тркала, која Чарлтон Хестон ја возеше во „Бен Хур“. „поршето 356“ кабриолет на Дилан од „Беверли Хилс 90210“, моторот „триумф“, кој Ричард Гир го возеше во „Офицер и џентлемен“, моторот од „Лудиот Макс“, моделот „ховерборд“ од „Враќање во иднината 2“. „Минито“ на Мистер Бин, како и познатиот градски автобус од „Брзина“. Исто така има и голем број авиони од познати научнофантастични филмови, како што се марсовскиот бродот од „Војна на световите“, како и леталото од продолжението на „Осмиот патник“.
Од непревозните предмети понудени се шорцевите, кои Роберт де Ниро ги носи во „Разгневениот бик“, пиштолот „магнум 44“ на Хари Калахан, фигурата замрзнат сокол на Сталоне од „Разбивач“, избледениот џемпер на Фреди Кругер од „Страв на улица Брестова“, јакната што Еди Марфи ја носи во „Полицаецот од Беверли Хилс“ и многу други.