„Хари Потер од дома“ – веб-страница за љубителите на сагата

215

Ј.К. Роулинг создаде ново забавно место, специјално посветено на ентузијастите на „Хари Потер“, кои моментно се затворени во своите домови. Писателката на една од најпознатите книги за деца и тинејџери, знае како да нè држи зафатени додека сме во карантин. Новообјавената веб-страница „Хари Потер од дома“ нуди голем број квизови, видеа, загатки и други забавни активности посветени на славниот волшебник.

Ова е совршено време да се внесе малку магија во домот, во овие здодевни денови додека сме затворени поради пандемијата на коронавирусот. Веб-страницата нуди голем број дигитални загатки, квизови, цртежи на фантастични суштества, текстови што би можеле да им ги прочитате на своите деца. „Хари Потер од дома“ ја исполнува секоја мала желба од секојдневниот живот, додека го истражува богатиот и имагинарен универзум на познатата книжевна сага.

Исто така, аудиокнигата од првиот том „Хари Потер и каменот на мудроста“ е достапна бесплатно на „Аудибл“ на 6 јазици (англиски, француски, германски, италијански и јапонски).