Хари и Меган ѝ ги дадоа клучевите од Фрогмор котиџ на принцезата Јуџини

336

Триесетгодишната принцеза Јуџини и нејзиниот триесет и четиригодишен сопруг Џек Бруксбанк се преселиле во Фрогмор котиџ, куќа со пет спални во Виндзор, пред две недели, тврди „Сан“. Останува нејасно дали бремената принцеза ќе плаќа кирија за домот на Сасекси во Велика Британија, кој кралицата им го подари кога тие се венчаа, пренесуваат светските медиуми.

Фрогмор котиџ како дел од имотот Виндзор ќе остане резиденција на Сасекси во Велика Британија. Меган и Хари наводно се воодушевени што ќе можат да им го отворат домот на бремената принцеза Јуџин и Џек Бруксбанк, додека формираат сопствено семејство.

Хари и Меган и натаму ќе бидат финансиски одговорни за имотот што планираат да го задржат, а ќе бидат заедно со семејството на принцезата Јуџини, кога тие ќе престојуваат во Велика Британија.

Познато е дека двата пара се блиски, како и дека Ноќта на вештерките во 2016 година, ја поминале заедно во домот на Меган во Торонто.

Имотот Фрогмор котиџ е во близина на Ројал Лоџ, домот на војводата и војвотката од Јорк, со што тие ќе бидат во близина кога нивната ќерка ќе го роди своето прво дете, на почетокот на следната година.

Хари и Меган во целост ги отплатија 2,7-те милиони евра јавни пари потрошени за реновирање на вилата Фрогмор котиџ, која им ја подари кралицата Елизабета Втора кога се венчаа во 2018 година.

„Приватниот договор“ помеѓу Сасекси и семејството на принцезата Јуџини бил разгледан од членовите на Кралското семејство. Оваа одлука е јасен сигнал дека Хари и Меган немаат намера да се вратат во Велика Британија.