„Харвард“: Сарказмот е поплочен со успех

71

Истражувачите тврдат дека сарказмот е „највисоката форма на интелигенција“ и може да ви помогне да напредувате на работното место. Секој сака добар сарказам, остар и парадоксален може што да ги натера пријателите да се смеат, но и да ги заведе. Иако често се смета дека е несоодветен за деловни ситуации, истражувањата од универзитетот „Харвард“ покажуваат дека тоа не е случај. Според она што го откриле научниците, се покажало дека сарказмот е многу добра ментална вежба.

– За да се создаде или декодира сарказмот, мора да се надмине противречноста, односно психолошкото растојание помеѓу буквалното и вистинското значење на саркастичните изрази. Тоа е процес што се активира и создава апстракција и е потребен за создавање креативно размислување – објаснува Франческа Гино, која учествувала во истражувањето за „Харвард газет“.

Накратко, саркастичните коментари го прават работниот тим покреативен, па добро е да се опуштите со повремени и смешни коментари.
– Саркастичните луѓе подобро ги извршуваа креативните задачи од оние што беа искрени или во контролирани услови. Ова укажува на тоа дека сарказмот создава креативност – објаснува Адам Галински, еден од членовите на истражувачкиот тим.