Хаос во поплавените области во Индија, тигри влегуваат во семејни домови

122

Најмалку 40 села во северниот дел на Бангладеш се поплавени откако синоќа од коритото се излеа една од најголемите реки во земјата, Џамуна.

Поради ваквата природна катастрофа раселени се повеќе од 200.000 луѓе, додека во соседната Индија поради монсунските дождови домовите ги напуштиле околу шест милиони луѓе.

Според последните податоци, во две сојузни индиски држави Бихар и Асам настрадале 97 лица, пренесуваат светските агенции.

Возрасен тигар денеска бил пронајден како спие во куќа која се наоѓала во близина на животински резерват.

Властите стравуваат дека ловокрадците би можеле да се обидат да ја искористат ситуацијата и за време на поплавите да почнат да ловат заштитени животни.