ФОТО: Нова атракција во Париз, пловење низ Сена со „морски балончиња“

1974

Во главниот град на Франција Париз, на реката Сена, продолжуваат испитувањата на речни такси возила, план кој пред шест месеци беше прекинат. Целиот проект е поддржан од градоначалничката на Париз, Ан Идалго.


Таксијата популарно наречени „морски балончиња“, се движат на електричен погон, а по потреба можат и да се издигнат над водата. Тие се дело на францускиот конструктор, морнарот Ален Тебо.

– Кај пловилата нема никаква бучава, не создават бранови и нема емисија на јаглерод, истакнува конструкторот.

Во октомври минатата година, Тебо веројатно се беше откажал од проектот, поради административни проблеми и се насочи кон други држави, каде што исто така ги промовира своите транспортни средства. Сега сепак, вели дека има зелено светло, а градоначалничката ќе продолжи да го помага овој иновативен и амбициозен еколошки проект.

Првиот прототип на „такси балончињата“ беше тестиран на 16 јуни 2017, на Сена.