„Фоликзоид“ и „Жен“ вечерва во МКЦ

27

Во МКЦ вечерва ќе се одржи концерт на еден од најуникатните бендови од Јужна Америка – „Фоликзоид“ и на аудиовизуелниот колектив „Жен“ како нивна предгрупа.
„Фоликзоид“ почнува со работа пред десет години, како трансерска авантура меѓу тројцата другари од најраното детство – Диего, Хуан Пабло и Доминго од Сантијаго, Чиле. Со огромни познавања за културното наследство од античката музика на Андите, овој бенд полека учи како да го усогласи ова влијание со современите звуци од нивното време, создавајќи богата но истовремено и минималистичка атмосфера. „I“ e најновиот албум, нивно четврто издание. Kреативната перспектива на бендот отсекогаш била отфрлување на наративните и музичките сознанија што ги обликуваат физичките и дигиталните формати и концепции, кои се достапни и визуелно и музички за да се направи временско-просторна метричка структура што го распушта авторот и наративните парадигми.

Аудиовизуелниот женски колектив „Жен“ e оформен во 2010 година во Загреб, каде што го пронаоѓа својот креативен дом во АКЦ Медика. Нивното деби „I onda je sve počelo“ (2013) ги направи еден од најпознатите и најважни бендови од регионот на поранешна Југославија.

Билетите може да се набават во билетарницата на МКЦ, по цена од 500 денари.