Финците најсреќни во светот, Македонците на 84 место

142

Финска е најсреќната земја во светот, се наведува во овогодинешниот глобален извештај на ОН за среќа, спроведен во 156 држави. Граѓаните на Северна Македонија се на 84 место, додека минатата година беа на 89. место.

Во денеска објавениот извештај, кој се темели на истражувања на Галуп во секоја од државите за тоа колку среќни се чувствуваат граѓаните. Анкетираните со оценки од 1 до 10 одговараат на прашалник за одредени фактори во нивните земји како што се квалитетот на живот, сочувството кон другите, слободата, великодушноста, искреноста и здравјето.

Финска, како и во претходните години ја задржа водечката позиција. Веднаш зад неа, според овој извештај, се Данска, Норвешка и Исланд. Меѓу првите десет се и Холандија, Швајцарија, Шведска, Нов Зеланд, Канада и Австрија.

Од земјите од регионот, најсреќни се во Словенија (44. место), потоа следуваат Косово (46), Србија (70), Црна Гора (73), Хрватска (75), Босна и Херцеговина (78), Грција (82), Бугарија (97) и Албанија (107 место).

Најнесреќни се во Јужен Судан, а пред нив, на дното на листата, се Централноафриканската Република и Авганистан.