Филмскиот серијал „Брзи и бесни“ ќе стане анимирана серија

241

„Нетфликс“ најави дека ќе се снима анимирана серија според акцискиот филмски серијал „Брзи и бесни“, која ќе ги следи доживувањата на млад роднина на главниот лик Дом.
Тони Торето е тинејџер, подалечен роднина на ликот што во филмовите го игра Вин Дизел, а серијата ќе ги долови доживувањата на неговите другари, чиј лидер е тој, кои ќе се инфилтрираат во криминална група.

– Одушевени сме што глобалниот феномен ќе го претвориме во сосема нов формат, за кој се надеваме дека верно ќе ги прикаже акциите, хуморот и идејата на оригиналот – изјави потпретседателката на стриминг-сервисот, Мелиса Коб.
Сѐ уште не е познато кога ќе можеме да ја погледнеме анимираната верзија на „Брзи и бесни“, но наредните акциски филмови се најавени за април 2020 и април 2021 година.