Документарецот за Оливер Драгојевиќ премиерно на филмскиот фестивал во Пула

44

Документарниот филм за музичката легенда Оливер Драгојевиќ „ОЛИВЕРовите 70“ – малата приказна за големиот музичар и неговиот последен концерт ќе биде премиерно прикажан на 21 јули, во пулската Арена, во рамки на 66-иот Филмски фестивал во Пула, а во пресрет на првата годишнина од смртта на истакнатиот хрватски музичар.

Филмот го режираа Бранко Дракулиќ и Леа Деклева, а направен е од материјалите снимени непосредно пред и во текот на славеничкиот концерт „ОЛИВЕРовите 70“ со Загрепската филхармонија.