Филмови што ќе ве пренесат во бајковити европски предели

65

Ако сте во потрага по филм што ќе ве опушти, ќе ви дадеме неколку предлози што ќе ве однесат во волшебни места, идеални за одмор и авантура. Тоа особено ќе ви годи доколку ова лето не најдовте време за одмор, па затоа дозволете си барем ментално патување и релаксација. Со помош на овие интересни филмови, можеби ќе ве инспирираме за непланирано патување или викенд.

1. „Вики Кристина Барселона“, Шпанија (2008)
Романтичната комедија на Вуди Ален го следи патувањето на две пријателки, кои ќе одлучат да го минат летото во сончевата Барселона. Освен што самата приказна е преполна со неочекувани настани, страст, љубов, комплексни односи меѓу ликовите, таа ни дава и слика на шпанската култура и на нивниот начин на уживање. Сцените ни ги покажуваат сите убавини на Барселона и Овиедо и нѐ тераат да се вљубиме во Шпанија на прв поглед.

2. „Добра година“, Франција (2006)
Расел Кроу и Мерион Котилард ќе нѐ одведат на прекрасно патување низ југот на Франција, преполн со лозја, мали гратчиња со домашна кујна и ароматични вина. Ова не е само едноставна романтична приказна за љубовта, туку своевидно враќање на корените. Поука дека некои работи во животот не би требало да се сфаќаат здраво за готово. Ако сакате со мислите да отпатувате низ идиличните селски краеви на Франција, ова е филм за вас.

3. „Коленото на Клер“, Француски Алипи (1970)
Ова е филм на францускиот режисер Ерик Ромеро од неговиот циклус „Шест морални приказни“. Во фокусот е остарениот дипломат Жером, кој најпосле решава да се ожени. Но набргу по венчавката среќава пријателка од својата младост, новинарката Аурора, која живее во изолирана вила на Алпите. Таа го
запознава со своите ќерки, но единственото нешто за што Жером размислува е како да ѝ се приближи на Клер, ќерката на неговата другарка. Овој филм нѐ води на патување низ Француските Алпи и ни носи комплицирана и неочекувана љубовна приказна.

4. „Викај ме со твоето име“, Северна Италија (2017)
Трогателна приказна за љубовта на младиот Елио (Тимоти Шаламет) и асистентот на неговиот татко Оливеро (Ерми Хамер). Седумнаесетгодишното момче го минува летото во Италија со родителите и сѐ минува идилично, додека тој го исполнува слободното време со читање, пливање, прошетки за младата девојка Марсела… Меѓутоа, сѐ се менува кога на сцената стапнува Оливеро, со кого Елио остварува неверојатна поврзаност и љубов. Режисерот Лука Гваданино дополнително го разубавува филмот со прекрасните пејзажи и со лежерните дијалози.

5. „Мама миа“, Грција (2008, 2018)
Светски познатиот мјузикл, чија екранизација во 2008 година постигна огромен успех, минатото лето доби продолжение. Секако, пред вториот дел потсетете се на првиот филм и отпловите во шармантниот, безгрижен свет на грчките острови, со вонвременските песни на групата „АББА“.