Фестивалот на планински филм „Ехо“ стана меѓународен

23

Овие фестивали се посветени на промоцијата, збогатувањето и конзервацијата на планинската кинематографија. Алијансата до овој момент ја сочинуваа 25 фестивали на планински филм и еден планински музеј, кои претставуваа 19 земји од Европа, Азија, Северна и Јужна Америка и од Океанија. Отсега помеѓу нив и нашето „Ехо“ од Македонија

­ „Ехо“ – фестивалот на планински филм, на почетокот на овој месец стана член на Меѓународната алијанса за планински филм (ИАМФ). На состанокот на Генералното собрание на оваа организација, одржан на почетокот на месецов, во рамките на 68-то издание на Фестивалот за планински филм во Тренто (Италија), членовите на собранието изгласаа позитивно прифаќање на нашиот фестивал како рамноправен член во алијансата, рамо до рамо со 26 институции од светот – најголеми имиња од светот на планинските фестивали.
Овие фестивали се посветени на промоцијата, збогатувањето и конзервацијата на планинската кинематографија. Алијансата до овој момент ја сочинуваа 25 фестивали на планински филм и еден планински музеј, кои претставуваа 19 земји од Европа, Азија, Северна и Јужна Америка и од Океанија. Отсега помеѓу нив и нашето „Ехо“ од Македонија.

Организаторите велат дека овој чин е сериозно вреднување на нивната работа.
– Со проекции на речиси 400 филма, организација на повеќе од 50 презентации, издавање книги и организација на разни други едукативни содржини на теми за планините и обработка на широк спектар теми што го претставуваат соживотот на човекот со нив. Но секако и на чин, кој дополнително нѐ обврзува на уште посилна работа! Во овие чудни ковид-времиња, ваквата вест и тоа како ни беше потребна во овие моменти. Да ни послужи како ветер во грбот, да нѐ инспирира и да ни даде елан, да се посветиме во реализација на уште едно издание во малку поинаква форма сепак – велат од „Ехо“.
Според најавите, најновото издание на „Ехо“ – фестивалот на планински филм, ќе се одржи од 5 до 9 октомври.