Фестивалот „Ентер Фест“ се одложува за 29 август

503

Музичкиот фестивал „Ентер Фест“ ќе се одржи од 29 август до 2 септември.

Организаторите информираа дека терминот на одржување на фестивалот, што претходно беше закажан од 29 мај до 3 јуни, е презакажан поради најавените врнежи.

Фестивалот треба да се одржи на две сцени надвор и внатре во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Сите купени влезници ќе бидат валидни за новиот термин на фестивалот.