Фестивалот „Гластонбери“ откажан втора година по ред поради пандемијата

57

Легендарниот фестивал „Гластонбери“ кој привлекуваше 200.000 посетители е откажан втора година по ред поради пандемијата на коронавирусот, пренесува Би-би-си.

– Со големо жалење мора да соопштиме дека и годинешниот фестивал Гластонбери нема да се одржи. Билетите за оваа година ќе се продолжат да важат за следната година – соопштија организаторите Мајкл и Емили Ивис.

Пол Макартни, Тејлор Свифт и Кендрик Ламар требаше да бидат главни ѕвезди на минатогодишното 50-то издание на фестивалот, но тој беше откажан во март кога Велика Британија првпат воведе карантин.

– Минатата година изгубивме милиони и уште едно откажување би можело да значи банкрот – неодамна предупредија Мајкл и Емили Ивис.

Британските парламентарци неодамна најавија дека некои од најголемите музички фестивали во земјата би можеле да бидат откажани до крајот на месецот.