„Фамилијата Марковски“ на „Сараевскиот филмски фестивал“

63

Првите две епизоди од втората сезона од ТВ-серијата „Фамилијата Марковски“ утре премиерно беа прикажани на годинашното, јубилејно издание на „Сараевскиот филмски фестивал“. Покрај македонскиот телевизиски проект, дел од програмата „Авант премиер гала“ беа уште четири балкански серии од висока продукција.

Првата сезона македонската серија ја имаше во 2017 г. и наиде на позитивни критики и популарност кај публиката. Слична историја има и српската историска драма „Сенки над Балканот“ на Драган Бјелогрлиќ, која исто така ќе доживее премиера на својата втора сезона токму на овој фестивал. Покрај овие две, ќе бидат прикажани и епизоди од српските серии „Беса“ и „Групата“, како и словенечката „Езерото“. – Со самото тоа што новата сезона беше дел од една ваква селекција, на реномиран филмски фестивал, како што е Сараевскиот, значи признание за нас, како и за модерната македонска телевизиска продукција. Серијата, секако, ќе се прикажува и во нашата земја, но со оглед дека сѐ уште се прецизираат деталите, информациите ќе ги објавиме наскоро – велат од продукцијата „Арт проект лаб“, која стои зад серијата „Марковски“.

„Фамилијата Марковски“ во фокусот го има секојдневието на едно просечно семејство, чии случувања се рефлексија на актуелното македонско општество. Главните улоги ги толкуваат Александар Микиќ, Силвија Стојановска, Владимир Петровиќ, Тамара Ристоска и Петар Петковски. Режисер на серијата е Даријан Пејовски. Новите осум епизоди од втората сезона ќе се емитуваат есенва.