Уште една жена го обвини Вајнштајн за силување

81

Обвинителството на Њујорк синоќа објави дека е поднесено ново обвинение против поранешниот продуцент Харви Ванштајн, кој веќе е обвинет за силување и сексуално злоупотребување на две жени.

Новото обвинение се однесува на “принуден сексуален чин” во 2006 година, за ова дело можно е режисерот да добие до десет години казна затвор, се вели во соопштението на обвинителството, потсетувајќи дека првите две обвиненија се однесуваат на дела сторени во 2013 и 2014 година.

За сега не се познати други детали, обвинителството наведува дека обвиненијата се „резултат на храброста на жртвите” повеќе да не молчат.

Скандалот за сексуална злоупотреба на некогашниот влијателен холивудски продуцент предизвика бран откривајќи други слични афери во светот на шоу-бизнисот.