Ученици од училиштето на принцот Џорџ и принцезата Шарлота се во карантин

349

Четворица ученици, кои учат во училиштето на принцот Џорџ и принцезата Шарлота, членови на кралското семејство, биле на патувања во северна Италија. Двајца од нив се вратиле со симптоми на грип и затоа се пратени во домашна изолација додека не стасаат резултатите од тестирањето за коронавирус.

Училиштето објавило соопштение дека сериозно ги разгледуваат потенцијалните ризици за ширењето на коронавирусот и дека ги следат владините упатства за превенција од можни зарази.

Оваа недела во Велика Британија се затворени дури 14 училишта поради страв од ширење на коронавирусот.