Успешно размножување на загрозен вид на носорог во Јужна Африка

76

Истражувачите во Јоханесбург успеале да размножат три фетуси на бел носорог, кој е речиси целосно исчезнат. Досега се живи само две женки и ембриони, кои се добиени со оплодување на јајцата на една женка со замрзната сперма на мажјак кој починал.

Ембрионот е сместен во течен азот и ќе биде префрлен на сурогат мајка во текот на следните месеци. Според кенискиот министер за жив свет, Наџиб Балала, возбудливо е што еден подвид на носорог ќе се спаси благодарение на науката.

Целта е да се формира стадо кое ќе има пет животни од двата пола и кои ќе бидат вратени во нивната природна средина. Процесот на оплодување се покажа како безбеден и успешен. Следниот чекор е да се избере женка во кениска фарма за носорози, која би била сурогат мајка.

Со децении ловокрадци ги убиваат носорозите, особено белите, поради нивниот рог, кој е високо ценет во кинеската традиционална медицина.

Последниот жив примерок на мажјак бел носорог беше 45-годишниот Судан, кој стана популарен во 2017 година кога медиумите го прогласија за најбараниот ерген на светот. Судан го носеше името по земјата каде е роден, меѓутоа тој беше убиен пред две години бидејќи се разболе, а поради староста немал шанси за лекување.