„Умри машки“ го менува името, но не и главниот глумец

46

Во најновото продолжение на серијалот „Умри машки“, на главниот глумец Брус Вилис повторно му е доверена улогата на баксузниот полицаец Џон Меклејн, а приказната ќе нѐ однесе во неговите 20-ти, но и 60-ти години.

– Наместо очекуваниот наслов „Умри машки 6“, филмот ќе се вика едноставно „Меклејн“ – потврди продуцентот Лоренцо ди Бонавентура за магазинот „Емпаер“.
Работниот наслов на филмот беше „Умри машки: прва година“.

– Не знам како е можно да се сними продолжение на филмот „Умри машки“ без Брус Вилис – вели Бонавентура, како одговор на шпекулациите во јавноста дека славниот глумец нема да се појави во новото продолжение.
Тој додава дека во „Меклејн“ ќе се истражи младоста, но и зрелите години на Џон Меклејн.
Инаку, забрзано се работи на финалната верзија на сценариото. Лен Вајсман ќе го режира и продуцира продолжението, а датумот на премиерата сѐ уште не е познат.