Угина првиот поларен мечок роден во тропски краеви

1106

Сингапур во среда тагуваше по првата поларна мечка што дојде на свет во тропските краеви, а кој на возраст од 27 години ветеринарите морале да го успијат по петгодишна борба со здравствени проблеми.

Инука патеше од болен артритис, до забоболка, како и воспаление на увото, а пред крајот на животот му се развиле и зелени алги во крзното.

– Колку и да сакавме да ја задржиме Инука со нас, неговата среќа беше наша одговорност – рече Ченг Вен-Хаур од Сингапур Вајлд Лајф Ризервс.

– Израз на добронамерноста беше да го ослободиме од понатамошни маки – рече Ченг.

Неговите 27 години, според вработените во резерватот, би одговарале на 70 човечки години.

Инука е потомок на мечокот Нанука и мечката Шеба, кои во Сингапур пристигнаа од Канада, односно Германија во 1978 година.

Нанука угина во 1995 година со 18 години, а Шеба со 35 години во 2012 година.
Во дивина поларните мечки просечно живеат 15 до 18 години.

Управата на животинскиот резерват рече дека Инука ќе биде последната поларна мечка во Сингапур.