Туна ќе го промовира албумот „Фортуна“

91

Алтуна Сејди-Туна, име што веќе им е познато на сите генерации љубители на забавната музика, по извесно затишје, се враќа со концерт во Македонската филхармонија на 8 март, во 20 часот, во организација на Културно-информативен центар-Скопје. Со овој концерт пејачката одбележува две децении кариера и посветеност на музиката. На концертот таа ќе го промовира својот албум „Фортуна“, а ќе изведе и избрани песни што се паметат и што публиката сака да ги пее. Туна издаде неколку албуми, од кои се издвојуваат хитовите: „Да живееме“, „Чао, мачомен“, „Пироман“, „Туна“, „Нема веќе диктатура“, „Тестамент“, „Психолози“, „Женска сила“, „Инат“, „Сакаме“ и др., кои ќе бидат дел од програмата на претстојниот концерт. За време на своето дведецениско присуство на музичката сцена таа ги зазема концертните подиуми во земјава и надвор од неа, нејзината музика се искачи на врвот на топ-листите.