„Тра ла ла“ прогласен за најдобар детски музички фестивал во Европа

405

Со одржувањето на гала-концертот со Камерниот оркестар и настапот на 14-те финалисти, како и врачувањето на наградите за најдобрите, во Битола се спушти завесата на интернационалниот, јубилен 20 по ред, музички детски фестивал „Тра ла ла“. На фестивалот годинава зедоа учество изведувачи од 21 земја во светот.

Највисокото признание на фестивалот годинава го доби организаторот, Тони Алексовски, бидејќи жири комисијата, составена од 22 члена, со тајно гласање одлучи во конкуренција на градовите Берлин – Германија и Каунас – Литванија, лиценцата за најдобар детски музички фестивал на Европа да му ја додели на Битола.

Највисокото признание на фестивалот, наградата „гран при” ја освои Марита Марита Тсетсхладзе – Грузија.

Инаку првата награда „њу стар“, ја доби Цхиара Магрин од Малта. Наградата „бест перфоманс“ и припадна на Мауа Сесау од Малта, додека втората награда за „бест перфоманс“ ја освои изведувачот од Турција, Цхамберк Ѕадримци.

На финалната вечер за најдобар македонски изведувач беше прогласена Марија Спасовска, од Битола.

Инаку во натпреварите по категории во првата категорија, првото место го освои Мадалину Лунгу од Молдавија, додека во втората категорија првото место и припадна на Бриана Магдасх од Романија. Во третата категорија првото место го освои Елза Казаруан, од Грузија, а во четвртата категорија првото место и припадна на Грета Забиелаите од Литванија. Во петтата категирија Алице Петроници од Швајцарија убедливо беше прогласена за најуспешна.

Во категоријата за филмска музика првото место на фестивалот го освои Габриала Браичиќ од Хрватска.

Инаку годинава свеченото отворање на фестивалот наместо во Битола беше на базенот во хотелот Белви во Охрид, на кое присуствуваа и гости од Малта, Украина и Хрватска. М.М.